Никол Кидман (57) се појави на доделувањето на „GK Awards for Men of the Year 2024“ во многу тесен црвен фустан кој го облекуваше грбот.
За свечениот настан Никол Кидман избра светло црвен фустан од Balenciaga кој одлично и прилега.
Сите ја коментираа неверојатно витката линија и фустанот кој беше толку тесен што изгледаше дека Никол едвај дише и оди во него.
Ефективната креација изгледа прилично едноставна од напред, но одзади е сосема необична – има форма на корсет и е врзана по целата должина. Интригантниот детал на грбот изгледаше особено секси, а дел од фустанот беше и паѓачка сатенска лента која Никол постојано ја држеше во рака додека позира пред фотографите.
Заедно со атрактивниот фустан, актерката избра и салонки во иста боја. Долгата руса коса опуштено ја пуштила да ѝ падне, а избрала дискретна шминка во нежни тонови.