Американската актерка Никол Кидман доживеа мала лоша среќа со својата перика на доделувањето на наградите „Керинг жени во движење“ на Канскиот филмски фестивал, по што стана предмет на коментари.
Иако на прв поглед изгледа дека сè е во ред, обожавателите забележале дека нејзината перика е премногу повлечена назад и поради ова, разликата помеѓу нијансата на бојата на периката и нејзината коса е јасно видлива.
„Нема ли фризер кој се грижи таа да изгледа беспрекорно пред да се појави на вакви настани?“, „Грешки им се случуваат и на најдобрите. Таа е убава без разлика на сè“, „Ова е толку очигледно“, се некои од коментарите.
Nicole Kidman suffers wig mishap on Cannes Film Festival red carpet https://t.co/uMRAQSFEMb pic.twitter.com/3vddlrT8Gk
— Page Six (@PageSix) May 19, 2025
И покрај ова, Кидман изгледаше гламурозно во црвен чипкаст фустан од Баленсијага. Изгледот го надополни со едноставна шминка, часовник и прстен.
Оваа актерка одамна е позната по експериментирањето со перики. Меѓу другото, таа носеше боб фризури и кадрици, менувајќи ја нијансата на бојата на косата во речиси секој филм.
Таа неодамна привлече внимание на Мет Гала со својата многу кратка фризура, а многумина помислија дека навистина ја скратила косата.