Познатата холивудска актерка Никол Кидман го поминува летото во Хрватска, а беше фотографирана во друштво на своето семејство без перика на главата.
Никол Кидман моментално престојува во Хрватска, каде што го поминува летото со својата сестра Антонија и братучетката Луција Холи. Семејството ги посети Хвар и Дубровник, а вниманието особено го привлече новиот изглед на актерката , всушност, враќање кон стариот стил кој долго време беше нејзин заштитен знак.
Имено, Никол повторно се појави со природни локни, фризурата по која многумина ја паметеа на почетокот на нејзината кариера. Иако во меѓувреме често експериментираше со изгледот, најчесто носејќи перики и права коса, ова „ретро“ враќање предизвика воодушевување кај обожавателите.
Многумина коментираат дека локните ѝ прилегаат многу повеќе од правата коса и се надеваат дека ќе го носи овој стил на следните јавни настани.
Деталите од одморот ги споделува нејзината братучетка Луција, а фотографиите покажуваат дека актерката ужива во времето поминато со семејството.
Да потсетиме дека по смртта на нејзините родители, Никол јавно проговори за својата желба да посвети повеќе време на своите најблиски, и токму тоа го постигнува сега.