Никол Шерцингер го привлече вниманието на ревијата на Каролина Херера на модната недела во Њујорк благодарение на своето сладострасно деколте.
Таа носеше комбинезон со надуени ракави и долго палто. Изгледот го комплетираше со дотерување, очила за сонце, накит, чанта и шпицови потпетици.
Таа на социјалните мрежи сподели фотографии од модната ревија и му се заблагодари на креативниот директор на брендот Вес Гордон за поканата.
„Кога ќе одиш на модна писта?“, „Колку си прекрасна“, „Ангелска убавица“, се само дел од комплиментите што ги доби.
Таа моментално глуми како Норма Дезмонд во „Sunset Boulevard“ на Ендрју Лојд Вебер во „Св. Џејмс театар во Њујорк. Иако има успешна кариера во светот на музиката, нејзина голема желба отсекогаш била да глуми на Бродвеј.
Пред две години таа доби улога во „Вест енд“. Таа ја освои наградата Лоренс Оливие за најдобра женска улога во мјузикл. Таа доби бројни признанија по нејзиното деби на Бродвеј.
Таа се уште не планира да се врати на естрадата, што ги растажи нејзините верни обожаватели.