Лионел Меси минатото лето го напушти Пари Сен Жермен и премина во Интер Мајами.
Богатиот клуб од Париз му понудил продолжување на соработката на Аргентинецот, но тој не сакал ниту да слушне за нов договор. Посебно по големото понижување кое го доживеал од првиот човек на овој клуб каде помина две сезони.
Минатиот декември Лионел Меси ја освои титулата светски шампион со репрезентацијата на Аргентина на Светското првенство во Катар.
Сега излезе на виделина дека Пари Сен Жермен не му ја честитал титулата на својот фудбалер, како и трофејот наменет за најдобар фудбалер кој Лионел Меси го освои и во Катар. Работата да биде уште полоша, само Лионел Меси не добил таква чест од клубот за кој тогаш настапуваше.
„Иако немав убави моменти во ПСЖ, како член на тој клуб станав светски шампион. Сепак, останав единствениот играч од репрезентацијата кој клубот не го призна за освоениот трофеј“, изјави Лионел Меси.
По таквиот однос, но и навредите од навивачите, Лионел Меси немаше друг избор освен да ги спакува куферите и да го напушти клубот.
Лионел Меси за ПСЖ одигра 75 натпревари и имаше учинок од 32 гола и 35 асистенции.