Триумфот во Париз на Ѓоковиќ му донесе 2.000 поени и 2,3 милиони евра. Ова е за 100.000 повеќе отколку што доби Рафаел Надал лани, бидејќи наградниот фонд на турнирот е зголемен. Руд за пласман во финалето доби 1,15 милиони евра.
Севкупно, Ѓоковиќ, рекордерот по бројот на освоени Грен слемови, во кариерата од наградите на турнирите заработил вкупно 169,6 милиони долари (околу 157,5 милиони евра). Според ова тој е убедливиот рекордер, Надал има освоено 32 милиони евра помалку, а пензионираниот Роџер Федерер заработи вкупно 121 милион евра.
Се верува дека сите тројца заработиле многу повеќе од спонзорски договори отколку од награди на турнирите.