Бијонсе неодамна ја започна својата турнеја „Каубој Картер“, но за разлика од претходните настапи на стадиони, овојпат се соочи со празни седишта и критики.
На првиот концерт во Лос Анџелес имаше повеќе од 3.000 слободни места, а слични проблеми се очекуваат и на следните настапи, иако организаторите тврдат дека дури 94% од билетите се веќе продадени.
Иако албумот на ,,Каубој Картер” помина многу добро и ѝ донесе Греми награда, обожавателите се пожалија на прескапи цени на билетите, кои честопати беа препродавани по нереални цени. Поради ова, многу места останаа празни, а билетите подоцна беа намалени за до 20 долари.
На социјалните мрежи се шпекулира дека послабата продажба би можела да се должи на поврзаноста на Бијонсе и Џеј Зи со раперот Диди, кој моментално се соочува со сериозни обвиненија. Диди моментално е во затвор и го чека судењето закажано за 5 мај.
Неодамна, и Бијонсе и Џеј Зи се најдоа во јавноста откако жртва наводно го обвини Џеј Зи за силување. Тужбата беше отфрлена два месеци откако беше поднесена. Иако немаше понатамошни правни последици, луѓе блиски до двојката велат дека се загрижени дека пријателството можеби негативно влијаело врз продажбата на билети.
„Бијонсе не е загрижена дали обожавателите ќе продолжат да ја поддржуваат, но оние блиски до неа се загрижени дека обичните слушатели би можеле негативно да реагираат на поврзувањето со Диди. Бијонсе и Џеј Зи го гледаат тоа како нешто од минатото, па затоа се иритирани што тоа би можело да има влијание врз продажбата на билети“, рече изворот.
Во споредба со претходната „Renaissance tour“, која заработи речиси 580 милиони долари и стана една од најуспешните во историјата, „Каубој Картер“ засега не ги оправдува очекувањата.