Деми Мур и нејзината ќерка Скаут Вилис неодамна беа фотографирани во Калифорнија, а вниманието го привлече познатата актерка која и на 62-годишна возраст го одзема здивот.
Мама и ќерка шетаа низ градот во омилената облека на сите генерации – фармерките. И додека Скаут носеше макси фустан со голем шлиц, Мурова се одлучи за малку поедноставен аутфит. Фустанот го искомбинирала со предимензионирана тексас кошула.
А потоа дојде изненадувањето…
Фотографите ја фотографираа познатата актерка во вистински момент, а можевме да видиме дека навидум едноставниот фустан крие бомбастично деколте.
Судејќи по фотографиите, Скаут Вилис остана во втор план, додека нејзината мајка го „украде“ целото внимание на фотографите.
Што мислите?