Патрик Муратоглу повеќе не верува дека Рафаел Надал ја кажува вистината
-Нека разберат луѓето, во овој момент освојувањето на Ролан Гарос и Австралија опен е многу далеку за мене – изјави Надал во интервју за „Мовистар“.
Сепак, Муратоглу мисли дека воопшто не би се вратил доколку не мислел дека има шанса за 15-та титула во Париз.
-Разбирам дека Рафа не чувствува притисок и сака луѓето да мислат дека ќе се врати следната година да се збогува, но тоа не е негов стил. Ќе игра напорно. Ќе има доволно време да тренира. Историски гледано, тој е играч кој треба многу да игра. Вистинското прашање е колку ќе се бори со повреди во 2024 година. Ако го заобиколат, нема причина зошто не би бил опасен, па дури и фаворит на Ролан Гарос – изјави Муратоглу.
За Мелбурн приказната е малку потешка.
-Дали ќе биде подготвен за Австралија опен? Тоа ќе биде трка со времето. Ќе сака да види дали може да освои Грен слем или е далеку од тоа. Ако е второто, веројатно ќе престане. Не верувам дека ќе игра само за да биде 20-ти во светот – заврши Муратоглу.