Нимиц од Атина: Почитувајте го Преспанскиот договор, немојте да живеете во илузии, живееме во опасни времиња

Со силен аплауз на гостите и уесниците Зоран Заев и Алексис Ципрас му ја врачија Наградата за мир Преспа на амбасадорот Метју Нимиц, како прв на ова признание кое Институт Алексис Ципрас и Фондацијата Заев најавија дека традиционално ќе се доделува секоја година на денот кога се одбележува Преспанскиот договор.

На церемонијата на врачувањето на награда беше емитувана и видео пораката на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.

Во својата порака Гутереш истакна дека „пред шест години луѓето на Грција и Македонија предводени од нивните премиери Алексис Ципрас и Зоран Заев се собраа за да помогнат во отстранувањето на долгогодишната пречка за иднината на мир и стабилен развој“.

„Договорот од Преспа е доказ за моќта на дипломатијата, дијалогот и компромисите. Сакам да му оддадам признание на посветеноста на мојот личен пратеник во тоа време Метју Нимиц. Договорот не само што го решава спорот за името, туку отвора потенцијал за нови можности за тетреб, размена на контролори и регионални партнерства“, нагласи Гутереш.

Гутереш уште додаде дека сите на кои се однесува Преспанскиот договор да треба да најдат начин да ги почитуваат начелата што доведоа до ова витално достигнување со градење на атмосфера на доверба и меѓусебно разбирање.

Амбасадорот Нимиц се заблагодари за наградата и рече дека таа треба да ја сподели со сите кои му даваа поддршка да остане посветен на процесот. Тој им се заблагодари на генералните секретари на ОН што имаа доверба во него, како и на многу други дипломати и амбасадори кои го помагаа процесот.

„Посебна благодарност заслужуваат народите на двете земји кои го прифатија и ратификуваа решението од Преспа. Преспанскиот договор е сериозен договор за двете земји, за регионот и пошироко. Тој е компромис. Тешко се доаѓа и се дојде до него, но сите големи договори се компромиси. Но замислете каков би бил животот без тие договори и компромиси. Затоа мојата порака е: Почитувајте го договорот, немојте да живеет во илузии, живееме во опасни времиња и ги повикувам сите да го следат и имплемнтираат целосно“, порача Метју Нимиц на церемонијата на врачувањето на Наградата за мир Преспа што му ја доделија Алексис Ципрас и Зора Заев.