“НИТУ ЕДЕН АДВОКАТ НЕ САКА ДА ГИ БРАНИ!?“ – Најнови детали од истражниот затвор во Шуто Оризари: “Убијците на Вања Ѓорчевска доживуваат тотален пекол“

Македонија е во исчекување на екстрадицијата на Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничениот за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска (14 г.) од Скопје и Панче Жежовски (74 г.) од Велес, од правосудните органи на Турција, каде се наоѓа во екстрадиционен притвор.

Неговите соработници во извршувањето на ова грозоморно и тешко кривично дело, во притворското одделение на истражниот затвор во населбата Шуто Оризари во Скопје, се соочуваат со проблем да ангажираат бранител односно адвокат.

Затоа, според достапните информации, на сите им е одреден адвокат по службена должност, но неговиот идентитет не е објавен. По апсењето на осомничените преку социјалните мрежи се рашири своевиден апел за ниту еден адвокат да не прифаќа ангажман во одбрана на овие монструми. На овој став односно апел наводно се жалеле и самите адвокати. Сепак, јасно е дека судската разрешница на целиот случај не е можна без соодветна одбрана на осомничените.

Поради сериозноста на кривичното дело за кое се товарат задолжително е да имаат бранител. Затоа, како што е наведено, за сите приведени е определен по еден адвокат на службена должност. Неговиот идентитет засега нема да биде објавен – поради јавниот револт во овој случај. Во такви околности, на осомничените нема да им биде лесно да ги обезбедат адвокати ниту за претстојното судење. Адвокат, кој побарал да остане анонимен за „Фокус“, наведува дека професионална должност на избраните адвокати е да го бранат клиентот во случајот без разлика на тежината и специфичноста на делото.

Љупчо Палевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов

Така сигурно ќе биде и во случајот со судењето на осомничените за двојното убиство – ликвидацијата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Четворицата осомничени за киднапирањето и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, како што се дознава, се соочуваат и со револт од останатите притвореници во истражниот затвор. Дел од медиумите наведуваат дека секогаш кога ги изнесуваат и носат назад во притворот, притворениците им викаат, удираат по решетките и ги пцујат.

Директорот на затворот, Филип Андов, изјави дека пристапот до четворицата осомничени, меѓу кои и таткото на убиеното девојче, Александар Ѓорчевски, е ограничен дури и за пристап од затворската полиција. Со оглед на степенот на криминалот, пристапот го имаат само ограничен број чувари со посебни влезни картички.

Тројца од четворицата осомничени кои се наоѓаат во истражниот затвор Скопје Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, како што потврди истрагата, ја признале вината. Тие ги објаснија своите улоги во злосторничкиот потфат пред обвинителите и во полициската „обработка“. 

Љупчо ПалевскиПалчо беше етикетиран како организатор и спроведувач, извршител на монструозниот чин. Единствениот од таа група, кој ја негира вината и неговото учество во грозоморниот план за ликвидација, е таткото на убиената Вања ЃорчевскаАлександар. Во истрагата, како што беше соопштено, тој дури и негирал дека воопшто ги познава актерите во злосторството, а тврди дека на Љупчо Палевски не ги дал деталите за движењата на неговата ќерка пред киднапирањето и убиството.

Вања ЃорчевсказатворЉупчо ПалевскиМакедонијаПанче ЖежовскиСкопјеубиство