Ниту една фирма не сакала да оценува позитивни и негативни вести во медиумите

Владата се откажа од идејата за оценување на содржините како позитивни, негативни или неутрални. Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и распиша ној оглас. Директорот на СОЗР, Ивица Томовски вели дека и покрај тоа што постоел интерес сепак ниту еден од операторите не ги исполнил условите, но и дека во новиот повик се конципирани забелешките на јавноста.

„Воедно во повторно објавената постапка ги инкорпориравме забелешките кои постоеја околи можноста за позитивно, негативни и неутрално градирање на вестите. Тој услов сега не постои. Се работи за изработка на прес-клипинг и пратење на информациите во медиумите на кои гледаме само како конструктивен коректор на владините политики, воедно постапката опфаќа и изработка на софтвер за потребите на Владата за препис на глас во текст кој ќе се употребува ри владините седници. На тој начин ќе се динамизира работата, ќе се заштедат средства кои произлегуваат како резултат на обемната работа на следењето на седниците.“- вели Ивица Томовски, директор на СОЗР при Влада.

Прес клипингот не е ништо ново, тоа е еден од начините како одредена институција сака да ги осознае своите пропусти и предности во функционирањето, вели комуникологот Бојан Кордaлов. Според Кордaлов, треба обмислено и рационално да се пристапи во прес клипингот, тоа што се забележува е обидот за класификација на информацијата и би било логично тоа да се отстрани како идеја.

Македонија годинава забележа пад од шест места на Индексот за слобода на медиумите на „Репортери без граници“. Наместо напредок, државата се најде на 42-то место.