Јаник Синер е омилен тенисер на навивачите на АТП. Интересно е што зад себе ги остави Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз.
Италијанецот оваа година освои четири титули, вклучувајќи го и турнирот од Мастерс серијата во Торонто. На крајот на сезоната, тој ја предводеше Италија до првиот Дејвис Куп од 1976 година.
Интересно е што Јаник Синер е кандидат за уште две награди за кои одлучуваат играчите: најподобрениот тенисер и наградата „Стефан Едберг“, која се доделува на играчот кој најмногу го почитувал фер-плејот.
Роџер Федерер ја освојуваше наградата за навивачи 19 последователни години. Минатата година Рафаел Надал за првпат ја доби оваа награда, а сега го наследи жестокиот Јаник Синер.