Патниците во автомобилот ги кренале рацете во воздух и се обиделе да објаснат дека тие не го управувале возилото
Како ќе изгледа соживотот на самоуправувачките автомобили и другите учесници во сообраќајот? Судејќи според штотуку објавеното видео на TikTok, одговорот е – нема шанси.
Ѕвездата на видеото е полицаец кој се обидува да го запре и да го насочи автомобилот без возач до крајот на патот. Меѓутоа, автомобилот „одби да послуша“.
Додека тој правел „гимнастика“ со рацете, на полицаецот ништо не му било јасно.
Патниците во автомобилот ги кренале рацете во воздух и се обиделе да објаснат дека тие не го управувале возилото, но безуспешно …
Откако се мачел половина минута, полицаецот дошол до прозорецот на возачот и конечно сфатил за што се работи.