Ништо не оставаат на случајност: Еве што масовно произведуваат Русите откако Украина ги користеше ракетите АТАСМЅ (ВИДЕО)

Русија започна со масовно производство на мобилни засолништа кои можат да заштитат од различни закани, наводно вклучувајќи и радијација од нуклеарна експлозија.

Засолништето „КУБ-М“ може да понуди 48-часовна заштита од различни природни опасности, како и од вештачки опасности.

Тие вклучуваат експлозии и шрапнели од конвенционално оружје, паѓање остатоци од згради, опасни хемикалии и пожари.

Стандардно засолниште од овој тип може да прими 54 лица, а по потреба може да се надгради.

„Мобилното засолниште е повеќенаменска структура која обезбедува заштита на луѓето од различни закани, вклучително и природни катастрофи и несреќи предизвикани од човечко дејство”, велат од истражувачки институт на руското Министерство за вонредни ситуации, нарекувајќи го „важен чекор кон подобрување безбедноста на граѓаните“.

Руското министерство официјално не го поврзува производството на мобилни засолништа со каква било актуелна криза, но очигледно е дека најавата следуваше неколку дена откако 
администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден се согласи да и’ дозволи на Украина да истрела американски ракети со долг дострел длабоко во Русија. Кремљ одлуката ја нарекува непромислена и тврди дека решително ќе одговори.