НИШТО ОД БОРБАТА ВО КАФЕЗ !? Битката на титаните ‘падна во вода’: “Илон Маск е несериозен!“

Марк Цукерберг вели дека Илон Маск избегал од планираната борба во кафез, велејќи дека – „Илон Маск не е сериозен“ и додавајќи дека – „време е да се заборави целата работа“.

Илон Маск брзо одговори на обвинувањата нарекувајќи го Марк Цукерберг – „кокошка“.

Не може да се борам со ‘Чик-фил-А’ (кокошка) бидејќи тоа би било канибализам“, напиша Илон Маск сна војата социјална мрежа Х (Твитер).

Расправијата започна во саботата вечерта, откако Марк Цукерберг објави на Threads, неговата нова апликација (социјална мрежа) која се натпреварува со X на Илон Маск, дека е подготвен да се бори, но дека Илон Маск одложува.

Прво, Илон Маск не може да го потврди датумот, потоа вели дека мора да се оперира, а сега бара да вежба во мојот двор. Кога ќе стане сериозен и ќе предложи место и време, знае како да дојде до мене“, објави Марк Цукерберг.

Двајцата милијардери на социјалните мрежи се „тепаат“ меѓусебно и се договараат за пресметка со физички и боречки вештини од месец јуни.

Сензацијата започна кога Илон Маск на 20. јуни напиша дека е „подготвен за борба во кафез“ со Марк Цукерберг, кој тренира џиу-џицу.

борбаИлон МаскМарк Цукерберг