Лионел Меси дефинитивно ќе го напушти ПСЖ откако неговиот договор со парискиот тим истекува на 30. јуни оваа година. Неодамна со ПСЖ го освои францускиот шампионат, но нема добри односи со клубот и навивачите.
Додека се славеше титулата во Париз, Лионел Меси беше на концертот на Колдплеј во Барселона со својот пријател и поранешен играч на Барселона, Цеск Фабрегас. Неговиот престој во Барселона ги зголеми гласините дека на лето ќе се врати во каталонскиот клуб, но сега се појавија информации дека нема причина за што да се врати во клубот каде што се прослави.
„Му кажав на претседателот дека враќањето на Лионел Меси има смисла. Без сомнение, тој е совршен за нашиот систем и идеја во играта. Имам тактички план со Лео на ум. Се зависи од него. Тој треба да одлучи, тоа е до него. Да, зборуваме“, откри тренерот на Барселона, Чави.
Иако Чави вели дека разговараат, Footmercato пишува дека Лионел Меси веќе донел одлука. Според нив, таткото на Лионел, Хорхе ја прифатил понудата на Ал-Хилал и Меси кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, што нему и на братот на Лионел би му ја донело најголемата провизија во историјата на фудбалот.
Ал Хилал наводно му нуди на Лионел Меси дури 1,2 милијарди евра за само две години соработка или 600 милиони евра по сезона. Покрај тоа, Аргентинецот би уживал многубројни бенефиции и привилегии во Саудиска Арабија, исто како и Кристијано Роналдо кој доби 500 милиони за 2,5 години во Ал Наср.