Новак Ѓоковиќ е во хармоничен брак со Јелена Ѓоковиќ, но ретко кој знае дека нивната љубов некогаш била разнишана.
Ова пред се се однесува на првиот важен чекор во нивната врска, кога решија да започнат заеднички живот во Монако, каде што беа соочени со големи пречки.
– Три години по почетокот на нашата врска, дојдовме до пресвртница . Решивме да живееме заедно, но беше тешко да се најде работа во Монако. Се е „затворено“, но случајно се вработив во нафтена компанија – зборуваше Јелена Ѓоковиќ за почетните денови во Монте Карло, откривајќи дека нивната врска била сериозно на тест.
– Работев таму една година и тоа беше невозможна мисија за нашата врска. Новак во еден момент ми рече дека не можеме повеќе така … Додека студирав точно знаев кога сум слободна и кога можам да му се посветам – додаде таа.
– На работа, деновите ги поминував во канцеларија и нашата врска беше ставена на тест. Затоа баравме друго решение – изјавила Јелена во една прилика, пренесе „Стори“.
Оттогаш се е многу полесно во врската која Новак и Јелена Ѓоковиќ ја крунисаа со брак во 2014 година , а подоцна ги добија синот Стефан и ќерката Тара.