Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го играше мечот од третото коло на Ролан Гарос против Лоренцо Музети, а ова се случи во текот на првиот сет.
На самиот старт од мечот една контроверзна одлука на судијата го натера Новак да полуди.
Се играше третиот гем, Новак сервираше. Топката по ударот на Музети очигледно излезе надвор од границите, судијата молчеше, дури и се спушти да ја провери трагата, но остана на првобитната одлука.
Новак кисело се смееше, покажувајќи на трага која беше повеќе од очигледна, но не вредеше!
Работата да биде уште полоша, Италијанецот успеа да направи брејк во истиот гем по овој поен.
Проценете сами дали топката беше надвор од границите:
So this ball was called line by the referee???
— MJ (@ChuckTesta23) June 1, 2024
Hawk eye didn’t show, but during broadcasting it was said that it was 13 mm out!!!
Instead of 30:0, it was 15:15 and Novak suffered a break.
How is this possible#rolandgarros #novakdjokovic pic.twitter.com/4FQgSbUDz1