Новак не се откажува од учеството на Вимблдон!
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ успешно се врати на тренинзите по операцијата на менискусот на десното колено, а постојат сериозни индиции дека би можел да настапи на претстојниот Вимблдон.
Српскиот ас во раните утрински часови на социјалните мрежи сподели видео од тренингот на Ол Ингланд Клуб и испрати порака која ги воодушеви своите фанови.
„Тој период од годината… Добро е што се вратив. Давам се од себе за да бидам подготвен за Вимблдон“, изјави Ѓоковиќ.
Погледнете како српскиот ас се подготвува за најпрестижниот Грен слем.