Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се огласи на социјалните мрежи по одлуката да се повлече од Ролан Гарос.
По деталните лекарски прегледи, српскиот ас реши да не го продолжи учеството на Ролан Гарос.
Прикажано е оштетување на менискусот, а она што најмногу ги загрижува навивачите е што можно е на Новак да му биде потребна операција!
„ Со тага можам да објавам дека се повлекувам од Ролан Гарос. Играв со срце и дадов се од себе на вчерашниот натпревар, но за жал, поради скинат медијален менискус на десното колено, јас и мојот тим моравме да направиме тешка одлука по внимателно разгледување и консултација, им посакувам многу среќа на играчите кои се натпреваруваат оваа недела и искрено им благодарам на прекрасните навивачи за сета љубов и поддршка “, рече Новак.
Сеуште некој може да претпостави колку ќе трае неговата пауза, но се чини малку веројатно дека ќе настапи на Вимблдон , кој започнува на 1 јули.
Неговата главна цел се Олимписките игри кои започнуваат на 26 јули, но и тие сега се под голем знак прашалник.