Следува финалето од 18:00 часот против Синер.
Најдобриот светски тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на завршниот Мастерс во Торино, откако повеќе од убедливо го совлада Карлос Алкараз во полуфиналниот дуел со 2:0 (6:3, 6:2. ).
Новинарите се интересираа за набљудувањето на Новак дали има сличности меѓу Рафаел Надал и Карлос Алкараз.
– Не гледам сличности со Рафа, тие се различни играчи. Можеби има сличности кога станува збор за интензитетот што го носат на теренот. Тој е еден од најкомплетните играчи против кои сум играл. Импресивно е што може да игра постојано добро, тој е најмладиот играч кој излегол на врвот. Веќе има блескава кариера, очигледно е дека ќе има многу успеси во годините што следат, млад е. Ме прави подготвен за натпреварот. Нешто слично на мечевите со Надал и Федерер, каде знаев дека морам да бидам на врвот на моите способности за да победам – изјави Новак.
Новинар побара од Новак да го коментира интересниот податок што во полуфиналето играше против 16 години помладиот Алакараз и дека денеска со него ќе се соочи Синер кој е 14 години постар од него.
Ноле ја стави раката на главата и со насмевка рече:
– Благодарам за потсетувањето.
Од 18 часот на програмата е натпреварот меѓу Новак Ѓоковиќ и Јанико Синер.