Новак стана НАЈСТАРИОТ шампион на Синсинати во НАЈДОГОТО финале во историјата на турнирите!

Новак Ѓоковиќ стана најстариот тенисер кој ја освоил титулата на Мастерсот во Синсинати.

Најдобриот српски тенисер во епското финале го совлада Шпанецот Карлос Алкараз со резултат 2:1 (5:7, 7:6 (9:7), 7:6 (7:4))

Новак ја освои титулата на 36 години и три месеци. Претходниот рекорд го држеше Кен Роузвол кој го крена трофејот во Синсинати на 35 години и осум месеци.

Финалето меѓу Ѓоковиќ и Алкараз беше најдолго во историјата на овој турнир. Овој незаборавен спектакл траеше три часа и 49 минути!