Новак Ѓоковиќ ја освои 24. Грен слем титула во кариерата. Во финалето на УС Опен го победи Данило Медведев (6:3, 7:6, 6:3). Тоа беше 10-та победа против рускиот играч и со тоа испиша нови страници во историјата.
Потоа, титулата му ја посвети на Коби Брајант!
Кога заврши натпреварот, тој најпрво се поздрави со семејството, ја прегрна ќерката Тара, а потоа отиде до својата ложа и се поздрави со сите. Потоа се врати на клупата, го соблече дресот во кој играше и облече специјален, оној со неговата слика и со слика на Коби. Ја бакна сликата, а потоа ги крена рацете во воздух.
Алузијата е јасна, Брајант во кариерата во Лејкерс го носеше бројот 24 и токму тоа беше причината за посветата. Беа пријатели, Србинот многупати кажа како многу му значеле советите на Коби, плачел кога умрел. Сега ова е за легендата.
,Кога го правев овој дрес, размислував што можам да направам. Пред околу седум дена дојдов до оваа идеја, дотогаш никому не кажав за тоа. Дури тогаш ги замолив луѓето во тимот да ми помогнат”, рече Новак.
Потоа зборуваше повеќе за Брајант.
,,Коби ми беше близок пријател. Често зборувавме за неговиот менталитет. Кога беше повреден, ми кажуваше за тој камбек, како да се вратам на врвот. Тој беше еден од луѓето со кои многу разговарав околу мојата кариера. Многу ми помогна. Бев погоден од неговата смрт, го носеше дресот со број 24 и сакав на симболичен начин да му се заблагодарам“, изјави Новак.