Новак Ѓоковиќ брутално искрен! Најдобриот тенисер порача: „Загрижен сум! Не сум фаворит на Ролан Гарос“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во финалето на тенискиот турнир во Женева, бидејќи по три сета беше поразен од Чехот Томаш Махач со 4:6, 6:0, 1:6.

Новак не може да го најде вистинскиот ритам оваа сезона, а Ролан Гарос е на праг. Ѓоковиќ вели дека е загрижен за себе.

– Секако дека сум загрижен… Не играв добро во текот на целата година, освен на неколку натпревари. Работите се такви какви што се… Не се гледам себеси како фаворит во Париз. Ќе се обидам да одам натпревар по натпревар, па ќе видиме – изјави Новак Ѓоковиќ и додаде:

-Не поминав добра вечер, денес беше многу тешко. Имав неверојатно мачнина во првиот дел од натпреварот. Не сакам да му одземам ништо на Томаш Махач, кој заслужи да победи, но не знам што да мислам за оваа игра. Би сакал да заборавам.

– Не знам како го освоив вториот сет. На крајот, билансот е добар, се надевав дека ќе одиграм еден меч овде, но одиграв три – изјави Ѓоковиќ.

Тој зборуваше и за здравјето

– Не е убаво вака да се мачи на теренот. Тешко е да се фокусирате на тенисот кога имате грижи во вашиот ум. Се надевам дека ќе бидам здрав за Ролан Гарос  заврши Новак Ѓоковиќ.