Новак Ѓоковиќ по седми пат во кариерата го освои Мастерсот во Париз.
Српскиот ас во финалето во „Берци“ го совлада Григор Димитров со 2:0 односно 6:4, 6:3.
Ова е јубилејна 40. турнирска титула од мастерс серијата 1.000, од 58. финалиња на Србинот. Најблизок придружник во оваа категорија е Рафаел Надал со 36 титули. Останатите се далеку зад Новак Ѓоковиќ.
Воедно, Новак Ѓоковиќ ја освои шестата титула сезонава, вкупно 97-ма во кариерата.
Новак Ѓоковиќ со овој триумф дојде на чекор од тоа да биде прв на крајот од годината. Новак Ѓоковиќ од понеделник ќе има 9.945 поени, надминувајќи го Карлос Алкараз со1.490 поени повеќе. Практично, една победа на завршниот Мастерс во Торино ќе му биде доволна на Новак Ѓоковиќ годината да ја заврши на првото место на АТП листата.
Новак Ѓоковиќ постави личен рекорд кога е Мастерсот во прашање, бидејќи Париз е неговиот прв турнир на кој освои седум титули. Досега шест пати ги освоил Мајами, Рим и Париз. Познато е дека тој е единствениот тенисер кој ги освоил сите девет Мастерси. Има пет титули во Индијан Велс, две во Монте Карло, три во Мадрид, четири во Канада, три во Синсинати, четири во Шангај.
Ова беше 51-ва победа за Новак Ѓоковиќ во сезоната, што го прави 14-ти пат во неговата кариера да има 50 или повеќе победи во една сезона. Тоа го направи во 2007, 2008, 2009, 2010, 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2018, 2019, 2021 година и конечно во 2023 година.
Еден брејк во сетот практично му беше доволен на Новак Ѓоковиќ.
По шест интересни гемови, првата брејк топка на натпреварот ја видовме во седмиот гем. Новак Ѓоковиќ брилијантно се бранеше, а по фантастичното враќање му го одзеде сервисот на Бугаринот и поведе со 4:3. Во продолжение рутински ги сервираше двата гема и по 51. минута го доби првиот сет во своја корист.
На крајот од сетот видовме уште еден скандал во режија на навивачите, кои го исвиркаа Новак Ѓоковиќ кога тој побара посилна поддршка.
Во петтиот гем Новак Ѓоковиќ му го одзеде сервисот на Григор Димитров. Почетокот на вториот сет беше малку мирен, без поголеми возбудувања. Како сите да чекаа Новак Ѓоковиќ повторно да пукне.
Новак Ѓоковиќ имаше шанса за брејк и во седмиот гем, но не ја искористи, па Григор Димитров намали на 4:3. Но, сепак, Новак Ѓоковиќ рутински го приведе натпреварот до крај. Интересно е што тој не му даде ниту една брејк шанса на Григор Димитров во текот на финалето.