Новак Ѓоковиќ доживеа елиминација во четвртфиналето на трунирот во Рим, откако загуби од Холгер Рун со резлутат од 2:1 (6:2, 4:6, 6:2).
Нешто повеќе од три и пол часа траеше дуелот во главниот град на Италија, вклучувајќи го и прекинот на крајот од вториот сет поради лошото време.
Најдобриот светски тенисер не беше на своето ниво. Имаше огромен број грешки, а причините за слабата игра ги бараше безуспешно во стручниот штаб.
Од друга страна, Холгер Рун одигра исклучително добро. Имаше тактика да го совлада Новак Ѓоковиќ да ја преземе иницијативата и се бранеше фантастично. Србинот одеше од грешка во грешка за време на натпреварот.
Во првиот сет Холгер Рун апсолутно доминираше и со два брејка го реши тој дел од играта во своја корист. Продолжението донесе изедначена борба, а по паузата што следуваше поради дождот Србинот го доби вториот сет. Но сепак, третиот сет беше фатален за Новак Ѓоковиќ.
Во третиот дел од играта на теренот практично се беше во корист на Холгер Руне. Го контролираше сетот од почетокот (водеше 4:0) до крајот и заслужено славеше победа.
Дополнителен проблем, покрај лошата форма за Новак Ѓоковиќ е и повредата. Србинот има болки во лактот на левата рака, тој на почетокот на вториот сет пиеше и лек против болки. Формата и повредата – две големи грижи пред почетокот на Ролан Гарос за Србинот.