Дали знаевте дека најдобрите светски тенисери во Кина имаат специфични прекари и некои од нив се навистина уникатни, но и навредливи?
На кинеската публика понекогаш и’ е тешко да ги изговори сите имиња на познати тенисери, па луѓето во најнаселената земја на планетата прибегнуваат кон прекари.
Сега тие се појавија во јавноста и некои ќе ве насмеат, а некои ќе ве шокираат.
Новак Ѓоковиќ го носи прекарот „Кокошка“, па поради неговото ривалство со Алкараз, нивниот натпревар често се нарекува борба кокошка против патка.
Добро помина Ноле, бидејќи руските тенисери Даниил Медведев и Андреј Рубљев се „долгорак мајмун“ и „златниот примат“.
„Принцезата Си си“ е Стефанос Циципас. Кинезите му го дадоа тој прекар поради долгата руса коса што ја има, а Карлос Алкараз е „Патка“ поради сличноста со ликот на Покемон.
Каспер Руд го носи прекарот „Добриот ученик на директорот“ бидејќи тренира на Академијата на Рафаел Надал, додека Холгер Рун го носи прекарот „Нене“, што е кинески термин за долна облека.