Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ дозна кога ќе го одигра првиот сингл меч во Доха по повредата со која се здоби на Австралија Опен, а во меѓувреме на социјалните мрежи АТП турнеја одговараше на интересни прашања од навивачите. Тој меѓу другото го допре и најдобриот меч во кариерата.
Имено, Новак беше запрашан кој меч би го избрал за најдобар што го одиграл во кариерата. Ѓоковиќ без многу размислување го избра легендарниот дуел на Вимблдон.
– Најдобриот и највозбудлив меч што сум го одиграл во кариерата би бил мечот што го одиграв во финалето на Вимблдон против Роџер Федерер во 2019 година – истакна Новак.