Српскиот тенисер за прв пат го спомена крајот на играчката кариера и пензионирањето, а причина беше најавата на Рафаел Надал дека следната сезона ќе му биде последна во неговата кариера.
Еден од најдобрите тенисери во историјата вчера успешно ја започна трката по 23. Грен слем титула. Новак Ѓоковиќ пристигна во Париз и веќе тренираше во главниот град на Франција и го предизвика ентузијазмот на навивачите кои ги наполнија трибините, а во наредните денови ќе започне неговата борба за уште еден голем трофеј. Овојпат нема да ги има најдобрите во историјата кога е земјена подлога вво прашање – Новак Ѓоковиќ ќе игра на турнир на кој нема да биде „домаќин” Рафаел Надал.
Ситуацијата со Рафаел Надал беше главна тема на минатонеделната прес-конференцијата на Новак Ѓоковиќ во Париз – не само поради Шпанецот и неговото учество, туку и поради тоа што го натера Новак Ѓоковиќ да размислува за крајот на кариерата. Тој ги извести новинарите дека размислува за тоа, а објави и кога ќе престане да игра тенис!
„Убаво е што сум повторно тука, го дожицував учеството на секој Грен слем како подарок во овие години. Ќе ја искористам можноста на најдобар можен начин. Грен слемот е како различен спорт, секогаш сум помотивиран и имам поголема самодоверба поради успехот што го создадов. Освоен формат во три сета добро ми служи, имам повеќе време да се опоравам. Не сакам да зборувам за некои подоцнежни кола и играчи со кои би се сретнал. Не сакам никого да омаловажувам, одам чекор по чекор, па да видиме до каде ќе стигнеме“, рече Новак Ѓоковиќ на прес-конференцијата.
На сите во овој момент им е јасно дека целта на Новак Ѓоковиќ до крајот на кариерата се трофеи од најголемите турнири во светот.
„Не е тајна дека една од причините е тоа што сакам да освојам што повеќе рекорди. Работите се поинакви во споредба со пред 10 години, моето тело различно реагира. Се’ подредувам на Грен слемовите, засега немам физички проблеми, сакам да бидам подготвен кога ќе дојдам да играм на нив. Се повредив во Аделаида, па морав да играм со повреда во текот на Австралија опен, одлично беше да се победи“, изјавил Новак Ѓоковиќ и додал: „Морам да бидам спремен за такви работи, затоа што сега се случуваат почесто. Дел од мене е секогаш подготвен да освојува Грен слемови и титули, но морам да бидам свесен дека сега е поинаку. Морам да размислувам месец за месец. Ќе барам рамнотежа во сите параметри, се надевам дека имам време. Неиграњето на Рафаел Надал овде е голема загуба за тенисот и спортот, тој е најуспешен на овој турнир, но ја отвора ситуацијата еден од нас да ја земе титулата. Сега Алкараз е веројатно најголемиот фаворит на турнирот, Циципас, Медведев, Руне, Руд, Зверев се сериозни тенисери. Се е отворено, има неколку момци кои можат многу, се надевам дека ќе победам“.
Многумина сметаат дека отсуството на Рафаел Надал може да му го олесни патот на Новак Ѓоковиќ до третиот Грен слем во Париз, а тоа го коментираше и српскиот тенисер. Секако, во свој стил, расположен и со многу почит кон најголемиот ривал во кариерата.
„Не ми недостига тука сигурно. Не ми се допаѓа да го гледам на ждрепката на Ролан Гарос, немам многу успех против него овде. Не сакам никаде да играм против него, а камоли овде. Но, како некој што е дел од тенисот, сакам да ги видам најдобрите тенисери како играат. Тој ги освои срцата на многумина поради неговата харизма и се што правеше. Сите зборуваат колку ќе може да игра поради повреди, но тој продолжува, јас го почитувам тоа бидејќи знам колку е тешко да се биде на тоа ниво со повреди. Треба да си најдеш мерка, секако дека ќе го пропушти и ќе се врати како што кажа, како што кажа следната година ќе биде последна. Тој е мојот најголем ривал, кога кажа дека следната сезона ќе му биде последна, како да си заминува дел од мене со него. Само поради тоа ривалство што сè уште го имаме, имам чувство дека еден дел од луѓето кои многу влијаеле на мене како играч и мојот раст е голема мотивација, да се туркаме до крај. Да, се прашувам за мојата кариера и колку ќе играм. Сепак, ние сме генерација и целата кариера ја поминав со него на турнири, вклучувајќи ги Федерер и Мареј. Мислам дека Мекинро зборуваше за тоа кога Борг реши да се пензионира, дека дел од него отиде и со Борг. И навистина, таа реченица што ја кажа ми се врати и ми остана кога слушнав дека Рафаел Надал се пензионира. Нема да лажам дека не сум размислувал за пензија и како тоа би изгледало, но сепак имам енергија во мене. Доаѓаат некои нови деца и ќе видам колку сакам да играм“, заклучил Новак Ѓоковиќ.