Новак Ѓоковиќ на сите верници им го честита Велигден со моќна фотографија

Најдобриот српски тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ преку социјалните мрежи со емотивна порака и пригодна фотографија на сите верници им го честита Велигден.

Ѓоковиќ на својот Инстаграм профил објави слика со симболот на празникот – јајце обоено во боите на српското знаме.

– Христос воскресе! Среќен Велигден – напиша Новак во описот на фотографијата.

Да потсетиме, Ѓоковиќ моментално се наоѓа во Мадрид каде се подготвува за настап на Мастерсот во тој град.