Сите кои го познаваат Новак Ѓоковиќ велат дека тој се труди се што прави да го доведе до совршенство. Секој ден се труди да јаде што е можно поздрава храна, избалансирани производи кои му даваат сила и леснотија на движење.
Новак Ѓоковиќ вели дека не може да замисли ден без одредена храна, пренесуваат српските медиуми.
„Мојата омилена храна за појадок се овошјето и зелените смути. Не можам да го започнам денот без тоа“, открил еднаш Новак Ѓоковиќ.
Исто така, Новак Ѓоковиќ открил која храна е клучна за неговото опоравување во периодот на пауза за време на натпреварот.
„Тенисот е различен спорт од кој било друг бидејќи нема исти физички барања. Во тенисот, натпреварот може да трае и до пет часа, за време на натпреварите обично јадам урми, понекогаш малку банана, но најмногу урми. Пијам вода и два различни енергетски пијалоци, и тоа е тоа. Верувам во психата, во емоциите“, открива Новак Ѓоковиќ.