Карлос Алкараз е новиот светски рекет број 1. Шпанскиот ас го симна од тронот Новак како најдобар тенисер на светот по освојувањето на турнирот во Квинс.
Во финалето Алкараз го победи Алекс Де Минор со 6:4, 6:4 .
Младиот тенисер моментално има само 80 поени повеќе од Ѓоковиќ , а тоа ќе биде и официјално потврдено на новата АТП листа која ќе биде објавена во понеделник.
Новак веќе 388 недели во кариерата е рангиран како најдобар во светот , а сега барем привремено ќе биде на втората позиција.
Ѓоковиќ ја брани титулата на Вимблдон, кој започнува на 3 јули во Лондон. Српскиот ас е четирикратен последователен шампион на Отвореното првенство на Англија.