Меѓународната тениска федерација го прогласи Новак Ѓоковиќ за најдобар тенисер во машка конкуренција за 2023 година, поради, како што се наведува во соопштението, неверојатната сезона која остана зад него.
Заедно со него, Арина Сабаленка ја доби наградата во женска конкуренција за истите заслуги.
Престижни награди се доделуваат на 11 играчи во различни категории, меѓу кои и играчи во двојки, како и тенисери со инвалидска количка.
Во соопштението се наведува дека Новак Ѓоковиќ ја заслужил оваа награда поради освоените трофеи на Австралија Опен, Ролан Гарос и УС Опен, со што се подобри и бројот на освоени Грен слем трофеи. Се споменува и дека играл во финалето на Вимблдон. На сите лауреати им честиташе претседателот на ИТФ, Дејвид Хегерти.
– Честитки до нашите ИТФ светски шампиони за 2023 година. Овие награди се доделуваат на спортисти кои имале неверојатни сезони. Сите заедно имаат освоено 24 Грен слем титули во 2023 година. Се надеваме дека уживаат во паузата од тенисот и им посакуваме сè најдобро за следната година – изјави Хагерти.
Наградите во конкуренција на двојки, Раџив Рам и Џо Саилсбери ја освоија наградата за мажи, додека Сторм Хунтер и Елис Мертенс ја освоија наградата за девојки.
Кога станува збор за тенисерите во инвалидски колички, наградите им припаднаа на Даџед де Грот, Алфи Хјуит и Ник Винк, додека во јуниорска конкуренција наградата ја добија Алина Корнеова и Жоао Фонсека.