Новак Ѓоковиќ ги прави последните подготовки пред Олимписките игри во Париз.
Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ деновиве ги минува слободните денови во Црна Гора во друштво на една од најубавите жени во спортот Марија Шарапова.
Ноле и Шарапова се прошетаа низ Котор каде беа пречекани од обожавателите.
“Еве го Новак! Погледнете со кого е! Со Шарапова”, беа само дел од коментарите кои можеа да се слушнат.