Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ , отпатува со семејството на Миконос , каде што се одмара и ги „полни батериите“ за продолжението од сезоната, каде што го чека Отвореното првенство на САД.
Папараците веќе го фотографираа Ѓоковиќ на една од плажите на овој популарен остров и една од најатрактивните туристички дестинации кога станува збор за познати спортисти, бизнисмени, актери…
Новак уживаше со своите деца и сопругата, си играше со своите наследници и разменуваше бакнежи со Јелена .
Подоцна, сите заедно прошетаа низ главниот град Хора, кој е неверојатно убав и како од бајка, со тесни камени улички, со бели куќи каде што прозорците и вратите се обоени во сино.
Секако, не можеше да помине без обожавателите да го замолат Новак за фотографија, а тој ги запозна и воодушеви многу малечки кои го сакаат.
Погледнете како изгледаше тоа на едно од снимките за време на вечерната прошетка на Ѓоковиќ со неговото семејство низ центарот на Хора.