Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ деновиве е во Мајами каде во следните десет дена ќе се обиде да ја освои 100-та титула во кариерата. Во првиот круг беше слободен, па реши слободното време да го помине на интересен начин и со она што очигледно го сака – автомобилите!
Имено, најдобриот спортист на денешницата е снимен како на паркинг влегува во скапото Porsche 911 Turbo S Cabriolet, кое на отворен пазар се проценува дека вреди речиси 275.000 евра.
Станува збор за модел со подвижен покрив, кој може да се отвора по потреба, а неговите карактеристики се навистина импресивни, бидејќи може да достигне брзина и до 330 километри на час.
Дополнително, од 0 до 100 km/h забрзува за само 2,8 секунди и располага со 650 коњски сили. Неговата потрошувачка е околу 12,5 литри на 100 километри.
Како што може да се прочита понатаму на официјалната веб-страница на Porsche, се работи за модел со мотор од новата генерација, кој има дури шест цилиндри, а кој може дополнително да се модифицира и на тој начин да ја избере бојата, дизајнот на ентериерот…
Се работи за вистински модел на спортски автомобил, а интересно е што претходно во својата колекција имаше модели како Tesla X , Peugeot 508…