Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ „онлајн“ разговарал со Бугаринот Григор Димитров и открил дека на својот син му изрекол остра забрана.
– Тоа нема да го носиш на девет години! – му рече на својот Стефан.
– Добро, Григор, знаеме дека си голем обожавател на нараквиците Ван Клиф. Колку имаш – праша српскиот тенисер?
– Повеќе отколку што можете да соберете на вашиот зглоб. Јас сум голем обожавател на Ван Клиф! – одговори Димитров.
– Син ми ме замоли да му земам, а јас реков не, на девет години нема да носиш белегзија Ван Клиф. Потоа праша: „Зошто тогаш го носи Димитров?“ – откри Ѓоковиќ.