Новата МИС е ТРАНСРОДОВА ДЕВОЈКА – Ќе ја претставува оваа земја на престижниот натпревар

Вака влезе во историјата!

Новата Мис на Холандија влезе во историјата како првата трансродова жена која победила на овој натпревар. Станува збор за 22-годишниот Рики Валери Кол. 

Оваа 22-годишна трансродова девојка на тој начин ќе се натпреварува на претстојниот избор за Мис Универзум што ќе се одржи кон крајот на оваа година, а на овој престижен натпревар жените од целиот свет ќе се борат за круната на најубава во светот.

Последната мис на Холандија Она Муди и актуелната Мис Универзум Р’Бони Габриел од Соединетите Американски Држави беа со Рики Валери Коле, првата трансродова личност која победи на овој натпревар во Холандија, за да и ја доделат наградата и да ја пласираат освоената национална круна на нејзината глава. Може да се каже дека сите изгледаа воодушевено и среќно, вклучувајќи ја и победничката која од возбуда беше покрај себе, пренесува „TMZ“.

Сега таа оди на големата сцена и важен натпревар – Мис Универзум – кој ќе се одржи во Ел Салвадор во декември.

Таа е првата трансродова жена во Холандија која се натпреварува на овој натпревар, но нема да биде прва која ќе се натпреварува за титулата на изборот за Мис Универзум, бидејќи пред неа во 2018 година учествуваше и претставничката на Шпанија, Ангела Понсе.

Повеќе трансродови жени се натпреваруваа на националниот избор за Мис Универзум во последниве години, а новата сопственичка на организацијата Мис Универзум – Ен Јакрајутатип – и самата е трансродова.

„Успеав“

Рики Валери Кол беше воодушевена од победата, а ова задоволство го сподели со своите следбеници на мрежите. 

Го направив тоа“, рече таа и продолжи да кажува колку е возбудена што ќе се бори за титулата Мис Универзум во претстојниот период.