Фудбалскиот клуб Баерн Минхен будно ја следи ситуацијата на играчот на Барселона, Гави, како и финансиската состојба на шпанскиот клуб, објавија денеска германските спортски медиуми.
Ливерпул неодамна беше заинтересиран да ја искористи ситуацијата со договорот на 18-годишниот играч, бидејќи доколку Барселона не успее да го ангажира, тој би можел да го напушти „Камп Ноу“ како слободен играч на лето, објави Sky Germany.
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека сака да го донесе Гави во неговиот тим.
Како што пишува весникот, за Гави е заинтересиран и германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен и би можел да испрати понуда доколку Барселона не успее да го регистрира на лето.
Барселона има финансиски проблеми, но шпанските медиуми објавија дека клубот и самиот играч се оптимисти дека на лето ќе ги решат проблемите со договорот.