Европскиот систем за информации и овластувања за патување ETIAS, што значи дека сите патници кои немаат пасоши на земјите од Европската унија мора да добијат дозвола за влез во него, најверојатно ќе се применува од јануари 2024 година. ETIAS е планиран, целосно електронски систем за одобрување влез за земјите од ЕУ или Шенген, за патници од земји на кои моментално не им е потребна виза за влез во ЕУ.
Формуларот ќе се пополнува онлајн, а сите кои аплицираат и имаат меѓу 18 и 70 години ќе треба да платат и такса од седум евра, соопшти претходно Еуроактив Србија.
Системот е дизајниран така што обработува голем број барања истовремено и автоматски користејќи електронски бази на податоци и дава моментален одговор. Во некои случаи, процесот на обработка може да потрае и до 30 дена, а одобрението за ETIAS важи три години или додека не истече патниот документ. Најавен извесно време, а постојано одложуван, системот ETIAS треба да стартува на почетокот на 2024 година со шестмесечен „грејс“ период, што значи дека патниците и персоналот се запознаени со сите информации, како и да се поправат сите технички грешки.
Апликациите автоматски ќе се обработуваат врз основа на три фактори. Ќе се проверува дали идентитетот се совпаѓа со пасошот, дали податоците во пасошот се совпаѓаат со останатите податоци во формуларот и дали се работи за валиден пасош, како и дали одговорите на основните прашања се совпаѓаат со податоците во базата на ЕУ.
Апликацијата ETIAS ќе бара биометриски податоци за пасош, дигитална фотографија, информации за земјата во која патува патникот и прашања за здравствената состојба, претходните патувања за имиграција, како и криминалното досие на патникот или употребата на дрога.
Иако многумина шпекулираа за тоа, ЕТИАС нема да бара податоци за вакцини или хоспитализации поради Ковид.
Не сме само ние што ќе платиме
Земјите чии граѓани во моментов подлежат на овој систем се:
Србија, Албанија, Антигва и Барбуда, Аргентина, Австралија, Бахамите, Барбадос, БиХ, Бразил, Брунеи, Канада, Чиле, Колумбија, Костарика, Доминиканска Република, Ел Салвадор, Грузија, Гренада, Гватемала, Хондурас, Хонг Конг, Израел, Јапонија, Кирибати, Макао, Малезија, Маршалските Острови, Маурициус, Мексико, Микронезија, Молдавија, Црна Гора, Нов Зеланд, Никарагва, Северна Македонија, Палау, Панама, Парагвај, Перу, Сет Китс и Невис, Света Луција, Свети Винсент и Гренадини, Самоа, Сејшели, Сингапур, Соломонови Острови, Јужна Кореја, Тајван, Источен Тимор, Тонга, Тринидад и Тобаго, Тувалу, Украина, Обединетите Арапски Емирати, Обединетото Кралство, САД, Уругвај и Венецуела.