Авионот „Боинг 787-8 Дримлајнер“ на индиската компанија „Ер Индија“, кој леташе за Њу Делхи, денес се врати во Хонг Конг како мерка на претпазливост, откако пилотот се посомневал во технички проблем, изјавил добро информиран извор за „Ројтерс“.
Изворот рече дека авионот моментално се проверува.
Според веб-страницата Flightradar24 , авионот се вратил на аеродромот во Хонг Конг откако бил во воздух нешто повеќе од еден час.
Инцидентот се случи неколку дена откако истиот тип авион на „Ер Индија“ што леташе за Лондон се урна во западниот индиски град Ахмедабад, неколку моменти по полетувањето, при
што загинаа 241 од 242 лица во авионот, а 29 жртви се пријавени на земја.