Авион на лет од Прага кон Кавала принудно слетал во Белград, Србија, на аеродромот „Никола Тесла“.
Летот на авио-компанијата Smartwings на релација Прага – Кавала со 184 патници неочекувано слетал во Белград во 14 часот и 7 минути поради медицински причини. Сите надлежни аеродромски служби реагирале во најкраток можен рок, а еден патник бил пренесен во надлежната медицинска установа, потврдиле за српските медиуми службите на аеродромот „Никола Тесла“, кои додале дека останатите патници се во авионот.
Од авиокомпанијата чекаат дополнителни информации за продолжување на патувањето до дестинацијата.