Нова електронска услуга за студенти на националниот портал, Андоновски: Дигитализација за ефикасност и заштеда на време

Министерството за дигитална трансформација во соработка со Државниот завод за статистика ја претстави електронската услуга достапна на Националниот портал за електронски услуги, „Образец за студенти запишани на додипломски студии на факултети и високи стручни школи“.

Министерот Стефан Андоновски изјави дека оваа услуга претставува важен чекор кон дигитализација на јавните услуги, со фокус на младите луѓе и студентите како главни корисници на услугата.

Тој нагласи дека со новата дигитална алатка, студентите и универзитетите заштедуваат време и трошоци, и дека Заводот за статистика добива точни и навремени податоци, ја зголемува административната ефикасност и ја намалува можноста за грешки.

„Станува збор за запишување за секој семестар, што значи дека не се користи одеднаш, туку ќе се користи при секое запишување и е собирање податоци за нови студенти. На овој начин, го забрзуваме процесот на аплицирање за студии, ја забрзуваме ефикасноста на администрирањето на документите и се надевам дека ќе го олесниме собирањето податоци од страна на Заводот за статистика“, изјави Стефан Андоновски – министер за дигитална трансформација.