НОВА ЕРА ВО АНГЛИСКИОТ ФУДБАЛ – Премиер лигата ја добива првата жена судија во историјата! Еве на кој натпревар таа ќе дебитира

Ребека Велч ќе стане првиот главен судија на натпреварите од елитното англиско фудбалско првенство, пренесува француската медиумска агенција AFP.

Ребека Велч ќе го суди натпреварот меѓу Фулам и Барнли на 23. декември.

Ребека Велч стана судија пред 13 години, но инаку има работа под капата на британскиот Национален здравствен систем (NHS). Во 2021 година, таа стана првиот главен судија во една од врвните лиги во Англија кога го водеше натпреварот од Лига 4 помеѓу Харогејт и Порт Вејл. Подоцна таа судела и натпревари во Лига 2 и ФА Купот.

Пред еден месец таа стана првата жена на која и беше доделена улогата на четврти судија на натпревар од Премиер Лигата меѓу Фулам и Манчестер Јунајтед.

Судела и на неколку натпревари од овогодинешното Светско првенство за жени во Австралија и Нов Зеланд, а редовно суди и натпревари на англиското првенство за жени.

Премиер лигафудбал