Компанијата на американскиот милијардер Илон Маск, Neuralink, објави видео за кое тврди дека го прикажува првиот пациент вграден со нивниот мозочен чип, за кој се вели дека игра онлајн шах во клипот и покрај тоа што е неподвижен.
Видеото е објавено на официјалниот профил на „Neuralink“ на социјалната мрежа X (поранешен Twitter), која исто така е во сопственост на Маск.
Деветминутната снимка го прикажува пациентот, кој е парализиран од рамената надолу, како навидум го движи курсорот на екранот на лаптопот само со својот ум.
На видеото се гледа како тој игра шах и свири музика на својот лаптоп.
Скај њуз наведува дека пациентот, чиј идентитет до сега не бил познат, за време на преносот во живо рекол дека се вика Ноланд Арбо и дека има 29 години.
Арбо изјавил дека по сообраќајната несреќа останал неподвижен под рамото.
Маск минатиот месец објави дека на првиот пациент му бил вграден мозочен чип во јануари и дека можел да контролира компјутерски глушец само со своите мисли.
– Операцијата беше супер лесна. Буквално бев пуштен од болница ден потоа. Немам никакви когнитивни потешкотии – изјави за процедурата за вградување на имплантот Арбо при стриминг.
Тој рече дека претходно „виртуелно се откажал од играњето“ на видео играта „Цивилизација VI“.
– Вие од „Неуралинк“ ми дадовте можност повторно да го направам тоа, а истиот ден играв цели осум часа – изјави Арбо.
Сепак, тој исто така рече дека новата технологија „не е совршена“ и дека „се појавиле одредени проблеми“.
– Не сакам луѓето да мислат дека ова е крајот на патувањето, има уште многу работа, но ова веќе ми го промени животот – додаде Арбо.
Во видеото на „Neuralink“ тој зборуваше и за процесот низ кој поминал за да се обучи да го користи овој уред, кој лекарите му го вградиле во јануари.
— Neuralink (@neuralink) March 20, 2024
Арбау рече дека размислувал како би било да може да ја движи раката и на крајот целосно се навикнал наместо тоа да го движи курсорот на компјутерот.
– Едноставно, интуитивно ми дојде да почнам да замислувам како се движи курсорот. Тоа е како да го користам The Force за да влијаеме на курсорот, а можам да го движам кога сакам – рече Арбо користејќи израз од филмскиот серијал „Војна на ѕвездите“.
Тој додаде дека обуката не завршила тука.
– Се чини дека секој ден учиме нешто ново – заклучил првиот пациент на Маск.
Маск: Чипот може да лекува дебелина, аутизам, депресија и шизофренија
Еден од најбогатите луѓе во светот претходно изјави дека целта на вградувањето мозочен чип е да им се овозможи на корисниците со посебни потреби, како што е починатиот научник Стивен Хокинг, „да комуницираат побрзо од аукционерот“ . Според Маск, овој чип потенцијално може да лекува дебелина, аутизам, депресија и шизофренија.