Седумдесетгодишен старец паднал во бунар во двор од семејна куќа во село Ќукљеник и се удавил, потврдија денеска за порталот Југмедиа од полицијата во Лесковац.
Тој вчера околу 16 часот и 50 минути ненамерно паднал во бунарот. Веднаш била алармирана итна помош, полиција и припадници на специјалните единици за противпожарна заштита, кои го извлекле од бунарот. Но, за жал, лекарите само констатирале смрт.
Како што рекоа во полицијата, нема елементи за насилно убиство, нема обдукција, а за сè е известено и Вишото обвинителство на Лесковац.
Ова е втора трагедија во последните неколку часа. Жена (34) утрово падна во бунар длабок 20 метри во селото Мириловац кај Параќин. Пожарникарите успеале да ја извлечат, но таа подоцна починала.