Нова снимка од страшниот пожар: Пламенот се шири во форма на печурка, повеќе луѓе пренесени во болница! Целосен хаос во Куала Лумпур (ВИДЕО, ФОТО)

Пожар во близина на бензински пумпи
 во централната држава Селангор е видлив од неколку километри.

Пожарникарите во сојузната држава Селангор соопштија дека истекувањето на гасоводот се протега на околу 500 метри, а пожарната колона е многу висока.

Седум лица се повредени кога пожарот зафатил неколку згради, а бројни жители се евакуирани.

Пожарот и последиците од истекувањето на гас ја зафати и инфраструктурата на јавното нафтено претпријатие „Петронас“ и соопшти дека е прекинато снабдувањето со гас на таа инсталација.

Петронас објави дека избувнал пожар на еден од нивните цевководи во 8:10 часот по локално време.

Три бензински пумпи во близина на местото на пожарот не беа погодени, но беа привремено затворени како мерка на претпазливост, рече Петронас, додавајќи дека истрагата се уште е во тек.

Од Единицата за управување со катастрофи во Селангор соопштија дека пожарот се проширил на неколку куќи во блиското село, дека неколку лица се здобиле со изгореници и ќе бидат пренесени во болница и дека се уште се проценува целосниот обем на штетата.

На местото на пожарот се испратени десетици пожарникари. Главниот министер на Селангор, Амирудин Шари, рече дека пожарникарската служба како мерка на претпазливост брзо ги евакуирала жителите на околните куќи и дека тие привремено ќе бидат сместени во блиската џамија додека ситуацијата не биде под контрола.