75-годишен македонски државјанин е пронајден безживотен на плажата Созопол, во близина на првиот прст на Халкидики.
Му била укажала прва помош од екипата за итни случаи, по што бил однесен во болница, но лекарите констатирале смрт.
Според дополнителни информации, како дел од прелиминарната истрага, наредена е обдукција во Институтот за судска медицина во Солун.
Ова е четврти случај на давење на македонски државјанин на грчките плажи оваа сезона.
Во текот на изминатите два месеци, животот го загубија 20-годишно момче на првиот крак на Халкидики, 77-годишна жена на вториот прст и 80-годишен маж во близина на Кавала.