Новинарот од Косово, Арлинд Садику е исфрлен од Европското првенство.
УЕФА реши драконски да го казни поради неговото срамно однесување и испадот на натпреварот помеѓу Србија и Англија.
Да потсетиме, тој ги испровоцира српските навивачи покажувајќи им двоглав орел.
Веднаш по натпреварот доставен е извештај од ФСС, а УЕФА брзо реагираше.
Садику повеќе нема да може да ја работи својата работа, а ќе мора да се врати дома бидејќи му е одземена акредитацијата.
Садику освен орелот имал инсинуации и од „Голема Албанија“.